четврток, 12 ноември 2026
Најново

Една година од трагедијата во Кочани-градот живее со тишината

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во Кочани денеска владее тишината. Во Паркот на револуцијата се поставени 63 бели столчиња, на секое поставена по една бела ружа во знак на сеќавање и почит на 63-те жртви во пожарот во дискотеката Пулс што се случи точно пред една година.
Молитва за упокоените одржа митрополитот на Брегалничката епархија, Иларион, во сослужение на свештеници од кочанскиот црковен храм „Св. великомаченик Ѓеорги“.
На одбележувањето на едногодишината од трагедијата присуствуваат бројни граѓани, претседателката Гордана Сиљановска Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, како и делегации од општествениот живот, дипломатскиот кор…
        Во пожарот животот го загубија 63 лица меѓу нив и најголем дел од бендот „ДНК“ кој таа вечер имал концерт. Беа повредени над 200 лица од кои дел се лекуваат во земјава, а дел беа испратени на лекување во странство.
Во тек е судски процес, а обвинети се 34 физички и три правни лица кои се товарат за кривично дело – предизвикување општа опасност.

Поврзани вести