Едноличната исхрана влијае врз сонот

Едноличната исхрана, дури и ако е нутриционистички врамнотежена, го загрозува добриот сон, велат научниците од Перелмановиот медицински факултет на универзитетот на сојузната американска држава Пенсивланија, пренесува телевизиската мрежа NBC news.
Во рамките на истражувањето научниците обработиле податоци за дневните навики во исхраната и квалитетот на сонот на неколку илјади Американци кој ги собрал Американскиот центар за контрола и превенција на болестите.
„На почетокот од истражувањето не знаевме многу. Со векови се зборува за врската меѓу исхраната и спиењето, но постојат малку докази за тој однос”, вели раководителот со истражувањето Мајкл Гранднер.


Научниците утврдиле дека лицата со најразлична исхрана имале и најздрав сон и спиеле меѓу седум и осум часа секоја ноќ. На оние што најкусо спиеле, во исхраната им недостигало протеини и јагленохидрати, како и железо, цинк и селен.
Било утврдено и дека оние коишто најкусо време минувале спиејќи внесувале многу калории. Недоспиените патат од хормонална нерамнотежа којашто го засилува чувството на глад и потребата за одредена храна, велат експертите.
„Сонот и прехраната влијаат на секој систем во телото и телото од нив зависи за да може да фунцкионира”, вели Гранднер.

Пронајдете не на следниве мрежи: