Едноставни вежби што ќе ве спасат од непријатната надуеност

Последната работа за која сакате да бидете загрижени за време на празниците е надуеноста затоа што таа е непријатна, па дури и стресна. Но, наместо да се грижите, оваа година преземете нешто во врска со тоа. Иако постојат многу работи што можете да ги направите за да ја избегнете надуеноста, како земање пробиотици и јадење побавно, понекогаш е потребно брзо и ефикасно решение за надуеноста. Движењето е една одлична стратегија, а јогата и пилатесот се идеални ако ви треба брза и прифатлива рутина.
1. Четириножна поза
Едноставни вежби што ќе ве спасат од непријатната надуеност
Ставете ги рацете и колената на подлога со свиткани колена точно под колковите.
Заокружете го грбот во форма на буквата С, гледајќи кон стомакот. За време на вежбата рамномерно држете ги рамената и колковите, а ’рбетот во неутрална положба.
Свиткајте го грбот додека го спуштате стомакот. Потоа подигнете ги главата и градите напред и нагоре. Направете 5-8 повторувања.


За подобри резултати од оваа вежба, истегнете ја десната нога наназад и останете во позиција на четири нозе. Додека го заокружувате грбот во форма на буквата С, повлечете го десното колено кон градите; додека го виткате грбот, испружете ја спротивната нога зад вас. По 5-8 повторувања, направете го ова на другата страна.
2. Свиткување нанапред


Едноставни вежби што ќе ве спасат од непријатната надуеност
Одамна е познато дека наведнувањето нанапред ја подобрува циркулацијата низ абдоминалните органи и може да го стимулира варењето на храната.
Земете перница или засукајте крпа за да ја поставите на горниот дел од бутовите. Колку е поцврста перницата, толку ќе биде подобра стомачната масажа.
Истегнете ги нозете и свиткајте ги прстите кон лицето. Превиткајте го торзото над перницата и започнете да вдишувате длабоко.
Задржете онолку здив колку што ви треба за да почувствувате олеснување.
3. Планк со топка за пилатесЕдноставни вежби што ќе ве спасат од непријатната надуеност
Оваа вежба може да биде корисна за вашите црева бидејќи топката се става во карличниот регион и го масира дигестивниот тракт. Движејќи се напред и назад, топката се тркала до вашиот стомак и назад кон дното на карлицата, насочувајќи се кон цревата.
Започнете во планк позиција на подлактиците, со рамената на ниво паралелно на лактите. Ставете топка за пилатес под стомакот. Наместете го желудникот да се одмори на топката. Останете во оваа позиција или движете го телото напред-назад за да ја движите топката по стомакот.
4. Поза на камила


Едноставни вежби што ќе ве спасат од непријатната надуеност
Оваа поза ја зголемува циркулацијата на крвта низ целото тело и го подобрува варењето на храната.
Застанете на колена и свиткајте се наназад. Рацете треба да достигнат до петиците.
Покрај овие пози, постои уште една клучна компонента за спречување на надуеноста, а тоа е пиењето вода. Прескокнете ги газираните пијалаци, барем на краток рок. Можеби звучи нелогично, но хидратацијата спречува задржување на водата во телото затоа што вашето тело не се труди да ја задржува водата ако е хидрирано.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.