Ако мислите дека мора да се родите фотогенични – грешите. Секој може да изгледа добро на фотографиите, важни се само позите и подготовките.
Можеби не се чувствувате најпријатно кога некој ве фотографира, бидејќи не можете да се опуштите и спонтано да се насмеете, без тоа да изгледа чудно и вкочането. Затоа постојат трикови со кои ќе лажирате совршена насмевка, а никој нема да знае дека тоа не е вашата природна насмевка, туку сте успеале да се подготвите.
Насмејте се со очите
Опуштете го лицето, почнете да ја отварате устата со насмевка, а притоа малку подзамижете, за и вашите очи да ја надополнат насмевката.
Насмејте се на глас
Можеби ништо нема да ви биде смешно, меѓутоа само доколку гласно речете „хаха“, односно ако се обидете гласно да се насмеете, автоматски ќе се појави вашата природна, широка насмевка која ќе биде во главен фокус на фотографијата.
Направете лажен Фејс Лифт
Обидете се да се однесувате како некој да ви го затегнува лицето или како да сакате нежно да ја истакнете устата, подигнете ги веѓите и јаболчниците на образите, а главниот фокус ставете го на носот, кој мора да остане опуштен, за да не почнете автоматски да ги ширите ноздрите.
Спуштете ја главата и затворете ги очите пред фотографирањето
Неколку секунди пред фотографирањето, спуштете ја главата така што косата ќе ви паѓа покрај лицето и затворете ги очите. Моментот пред фотографирањето одмавнете со главата и отворете ги очите, а усните раширете ги со голема насмевка.