Во експлозија на бомба на влезот во Основниот суд во Подгорица денеска загина М.Б. (40) од Подгорица, а пет лица се повредени, соопшти Срѓан Кориќ од градската Полициска управа.
Кориќ кажа дека експлозијата се случила во 11 часот и 45 минути, а според првите информации од полицијата едно лице ја активирало бомбата на влезот во судот .
Подгоричкиот сајт РТЦГ наведува претпоставка дека станува збор за самоубиство.
Во моментот на експлозијата во судот имало голем број луѓе.
На терен се екипите на Брза помош, полицијата и противпожарната единица.
Екипи на Полициската управа и надлежни служби се на терен за увид и обезбедување на местото на настанот“, соопштија од полицијата.
Пронајдете не на следниве мрежи: