Аеродромот „Шипхол“ на социјалната мрежа Икс го опиша инцидентот како „ужасен“, велејќи дека е загрижен за патниците и за колегите кои биле сведоци на настанот
Тешка несреќа се случила на аеродромот „Шипхол“ во Холандија, кога едно лице било вовлечено во вклучен мотор на авион, при што загинало, соопшти авиопревозникот „КЛМ“.
Авионот требало да лета за Билунд, Данска.
Од компанијата велат дека итно се згрижени патниците и вработените кои биле сведоци на страшниот инцидент на аеродромот во Амстердам.
Оттаму додаваат дека „околностите во кои се случил инцидентот во моментов се истражуваат“.
Холандските медиуми пренесуваат дека моторот на авионот работел во моментот кога лицето починало, што наведува дека авионот требало да полета, пренесува „Скај њуз“.
Портпаролот на кралската воена полиција вели дека лицето сè уште не го идентификувале и дека е премногу рано да се каже дали станува збор за инцидент или за форма на самоубиство.
Тој додаде дека сите патници и членови на екипажот, кои ќе бидат важни сведоци на истрагата, безбедно го напуштиле авионот.
Аеродромот „Шипхол“ на социјалната мрежа Икс го опиша инцидентот како „ужасен“, велејќи дека е загрижен за патниците и колегите кои биле сведоци на тоа.
Vandaag is er een afschuwelijk incident geweest waarbij een persoon in een vliegtuigmotor is beland. Onze gedachten gaan uit naar de nabestaanden en we hebben zorg voor de passagiers en collega’s die dit hebben gezien. De Koninklijke Marechaussee voert momenteel onderzoek uit. https://t.co/G7QD0Ihevl
— Schiphol (@Schiphol) May 29, 2024
Според веб-страницата на аеродромот во Амстердам, летот за Билунд, кој требало да биде во 14:25 часот, бил реализиран во 14:59 часот.