Екран се претвора во тастатура

Калифорниската компанија „Тактус“ направила револуционерен прозвод – екран на паметен телефон или таблет чувствителен на допир, кој може да се претвори во тастатура која се подигнува и спушта по потреба.
Иновативниот екран изгледа и има функции како било кој друг монитор на Smart Phone и поседува единствена технолошка карактеристика – динамички ги прави и отсранува дугмињата кога тоа ќе го побарате од својот уред. „Тактус“ тоа го прави преку специјален проѕирен материјал, кој се поставува преку „touch-screen“ сензори. Кога корисникот сака да напише нешто на тастатурата, материјалот преку посебни сензори ги подигнува или ги спушта дугмињата, така да тие се чувствуваат под прстите. Овој екран ќе може да се монтира во скоро секој „touch-screen“ уред што го има на пазарот, па дури и на новата генерција на паметни телевизори.
Иновативниот концепт ќе израдува многу корисници на Smart Phone и таблети, кои и понатаму нема да можа да ги прежалат дугмињата на тастатурата. Неговата примена ќе овозможи и слепите луѓе да користат таблети или паметни телефони кои немаат фабрички уградени тастатури.Калифорниската компанија „Тактус“ направила револуционерен прозвод &ndash

Пронајдете не на следниве мрежи: