Експлозија во куќа во охридско Велгошти, повредена е една жена

По разорна експлозија во куќа во охридското село Велгошти денеска интервенирале од Противпожарната служба во Охрид.

Велат дека експлозијата била предизвиката од зголемена концентрација на плин.

„Експлозијата е предизвикана од зголемена концентрација на гасови (плин) и останати фактори, кои допринеле за високо ниво на експлозивност. Благодарение на брзата реакција на пожарникарите спречено е и опожарување на објектот. Повредена е и 1 жена која е преземена од екипите на брза помош“, велат од ТППЕ Охрид.

Пронајдете не на следниве мрежи: