Експлозија на Крим, десетици мртви и повредени

Во политехничкиот колеџ во Керч, во источниот дел на Крим се случила експлозија во која загинале десет лица, а 50-тина се повредени пишува агенцијата „Тасс“. Експлодирала непозната експлозивна направа, соопшти Националниот антитерористички комитет. 
– Во експлозијата во техничкото училиште на улица “Војкова“ број 1 загинаа 10 лица, додека 50-тина се повредени изјавил соговорник од агеницијата.
Како што наведуваат очевидци на видео-снимка на друштвената мрежа “Вконтакте“ експлозијата се случила во мензата. На местото на настанот излегле лекарски екипи, пожарникари, полиција и спасувачи. До експлозијата дошло поради истекување на гас од резервоар во колеџот.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.