Елбасан тава

1 кг јагнешко месо
500 г кисело млеко
4 јајца
1 врзоп млад лук
1 китка магданос
1 лажичка црвен пипер
масло, сол и мелен црн пипер
Месото се вари исечено на парчиња. Се става во керамичка тава и се премачкува со зачини. Потоа се додаваат ситно исечканиот лук, рузмаринот и исечканиот магданос. Се прелива со водата во која се вареше месото и се пече 1 час на 200 степени.
Јајцата се матат со киселото млеко и зачини, и се нанесува смесата врз месото. Тавата се враќа во рерната и се пече додека зарумени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.