Есенска бомба за имунитет: Чорба од спанаќ и морско оревче

Едноставна и здрава чорба што ќе ве згрее и ќе ви помогне да го подобрите имунитетот.Спанаќот е растение кое е многу богато со вода. Тоа има многу ниска калорична вредност, 2,2 % протеини, 3,9 % јаглехидрати и 0,5 % масти’. Спанаќот содржи:

Фолна киселина – 50% од дневно препорачаната доза по оброк
Витамин А-60% од дневно препорачаната доза по оброк
Витамин Ц-35% од дневно препорачаната доза по оброк
Железо-20% од дневно препорачаната доза по оброк
Магнезиум-20% од дневно препорачаната доза по оброк
Рибофлавин-15% од дневно препорачаната доза по оброк
Калциум-10% од дневно препорачаната доза по оброк
Калиум-15% од дневно препорачаната доза по оброк
Витамин Б6-15% од дневно препорачаната доза по оброк
Витамин Е-15% од дневно препорачаната доза по оброк
За што е добар спанаќот?
Спанаќот го подобрува работењето на срцето и функцијата на мускулите. Тој го потикнува функционирањето на панкреасот, а влијае врз намалување на крвниот притисок, со што го олеснува работењето на срцето и бубрезите. Спанаќот е вистински детоксикант за организмот го чисти токсините и ги буди сите забавени метаболички процеси. Спанаќот исто така влијае во јакнење на влакната на косата, јакнење на ноктите, а ја чува и одржува виталноста на кожата. Спанаќот го чува здравјето на нервниот систем, но исто така го засилува и чува имуниот систем, благодарејќи на високите количества на витамини кои ги содржи. Огромната количина на фолна киселина јасно укажува дека спанаќот треба да го јадат анемичните лица и бремените жени, спанаќот содржи и многу железо, па поради ова тој е делотворен без разлика за каква анемија се работи. На што треба да се внимава?
Спанаќот се јаде веднаш по приготвувањето , еднаш подготвен спанаќ не смее повторно да се подгрева. Не користете многу вода додека го готвите спанаќот, за да го зачувате неговиот квалитетен нутритивен статус.

Чорба со спанаќ и морско оревче
Состојки:

  • 950 мл вода
  • 450 гр спанаќ
  • морско оревче
  • сол
  • ореви

Подготовка:Ставете вода во поголемо тенџере и кога ќе зоврие додадете го спанаќот. Гответе најмногу една минута.Испасирајте го додека не добиете еднаква смеса. Додадете сол и малку морско оревче.Супата можете да ја украсите со грубо исечкани ореви.

Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.