четврток, 26 ноември 2026
Најново

Есенски енергетски бомбици во 3 варијанти!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Подготовката на денешните рецепти не подразбира никакво третирање на состојките со температура (печење, варење итн.), па тоа освен што ќе задржи плус хранливи материи, ќе ни заштеди и многу време, па и пари.
Секако, како што им кажува името, бомбиците се богати со калории (енергија), но во исто време и со растителни влакна, здрави масти и протеини, па лесно ќе ве заситат – ќе изедете помалку.
““Online”/
Од друга страна, тие ќе ви обезбедат и навистина импресивна хранлива вредност. Бомбиците се особено погодни за најмалите како вкусен и здрав доручек, како ужина за било кој дел од денот, но и здрав енергетски додаток пред или по тренингот за оние кои практикуваат спорт или редовно се рекреираат.


Јаткастите плодови и семињата кои ги користиме се полни со здрави маснотии и протеини, полнозрнестите житарки со квалитетни јаглехидрати, сезонските овошки и темното чоколадо со антиоксидативни компоненети, а сите заедно се богат извор на фибер, минерали, витамини и различни фитохемикалии.
Енергетски бомбици, варијанта 1
Количините проценувајте ги според тоа за колку луѓе подготвувате. Мерките кои се запишани важат за околу 3-4 бомбици:
Fibro Gel
• 3-4 урми со претходно извадени семки
• 30g непечени индиски ореви
• 1 банана со средна големина, добро испасирана
• сок од една лимета
• 1 лажица путер од кикирики
• суви кајсии (може и друго суво овошје по избор)
• кокос и малку мед за валкање на бомбиците (најпрво во медот, па потоа во кокосот)

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Енергетски бомбици, варијанта 2

• 4-5 суви смокви
• 30g лешници
• сок од една мандарина
• 1 супена лажица таан
• суво овошје по избор (внимавајте да не е премногу засладено)
• 20g темно чоколадо (можете да го ставите во блендерот или да го додадете во смесата како кршено или топено чоколадо)
• ореви како подлога за валкање
Енергетски бомбици, есенска варијанта
За овие бомбици ќе треба да имате претходно испечена тиква.
• 1 парче печена тиква со средина големина
• 30g ореви
• 20g сува брусница + 20g суво грозје
• сок од половина портокал
• мелен сусам, какао прав и цимет како подлога за валкање
Начин на подготвување
1. За да ги направите 3-те типа бомбици, потребно е да имате процесор за храна/блендер.
2. Најпрво добро изблендирајте ги сувите состојки (секако, оние за валкање изблендирајте ги посебно), заедно со сокот од свежото овошје, а потоа измешајте ги со течните состојки – испасираната банана измешана со путерот од кикирики во првиот рецепт, таанот во вториот и испасираната тиква во третиот. .
3. Обликувајте бомбици од смесата и потоа соодветно извалкајте ги во наведените смеси за валкање. Добар апетит!

Поврзани вести