Есенски колач со сливи

Со оглед на тоа дека во моментов владее сезоната на сливите, овој вкусен, крем колач со сливи ќе биде еден од најдобрите што можете да ги направите. Една од најголемите предности на овој колач е што лесно се подготвува, а е повкусен одошто можете да замислите! Пробајте го…
Потребни состојки:
За тестото:
250 грама брашно
1/2 пакување прашок за печиво
100 грама шеќер
100 грама маргарин
1 јајце
1 пакување ванилин шеќер
За филот:
1 пакување пудинг
400 милилитри млеко
4 лажици шеќер
200 грама кисела павлака
Дополнителни состојки:
400 грама сливи
10 грама шеќер
1 лажица цимет во прав
Шеќер во прав


Начин на подготовка:
Промешајте ги брашното и прашокот за печиво. Направете дупка во средината на садот со брашното и таму додајте го стопениот, но разладен маргарин, шеќерот, јајцето и ванилиниот шеќер па добро измешајте ги. Кога тестото ќе добие структура, почнете да мешате со раце.
Одвојте третина од тестото, оформете го во топка, обложете го со провидна фолија и ставете го во фрижидер. Остатокот од тестото развлечете го на тава за печење каде што претходно ќе има просипено малку брашно.
Измијте ги сливите, исечкајте ги на четвртини и извадете им ги семките.
Измешајте го пудингот во малку млеко. Во остатокот од млекото додајте шеќер и почнете да го варите. Кога млекото ќе зоврие, додајте му го подготвениот пудинг и добро измешајте. Оставете го пудингот да се вари, а кога ќе го тргнете од рингла, додајте му ја киселата павлака и одново измешајте.
Разлијте го филот над тестото во тавата и одозгора наредете ги сливите. Преку сливите посипете шеќер и цимет. Извадете го остатокот од тестото од фрижидер и изрендајте го над сливите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.