Естонија им честиташе на специјалните сили на Украина за нападот на мостот на Крим

Естонија им честита на специјалните сили на Украина кои најверојатно го извршија нападот на мостот на Крим, изјави естонскиот министер за надворешни работи Урмас Реинсалу.

Естонија им честиташе на специјалните сили на Украина за нападот на мостот на Крим

Естонија секако го поздравува ова и им честита на единиците за специјални операции кои веројатно ја изведоа оваа операција – изјави Реинсалу за порталот „Делфи“.

Тој потсети дека Украина повеќепати кажа дека планира да го уништи мостот, нагласувајќи дека организацијата на овој настан е „храбар чин“.

Според последните податоци, три лица загинаа во експлозија на камион на мостот на Крим.

Експлозијата на камионот предизвика пожар на седум цистерни со гориво на товарниот воз, што доведе до делумно уривање на две сообраќајни ленти на коловозниот дел од мостот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.