Европската комисија ги одбила предлозите на превозниците од земјите од Западен Балкан, со кои се бараше компромис за ограничувањето на престојот во земјите од Шенген, објави објави црногорскиот медиум Вијести и предупреди на ризик од нови протести и блокади на граничните премини.
Претставници на комисијата, според медиумот, кажале дека предлозите се невозможни и не се во согласност со Шенген. Понудиле можност превозниците да добијат виза од земја-членка само за престој подолг од 90 дена во таа држава.
Предлогот на превозниците беше професионалните возачи да добијат различни визи или сличен документ што ќе им овозможи да останат подолго и да работат во ЕУ без да го променат своето живеалиште, или нивното работно време според патните налози што ги преведуваат при транзит низ ЕУ да не се смета во времето на нивниот престој.
Асоцијацијата на македонските превозници Макам транс испратиле писмо до министреот за надворешни работи Муцунски, до Советот на странските иенвеститори, до странските комори во земјава и амбасадите од шенген државите во кое бараат тие да лобираат за надминување на проблемот и да се најде начин да објаснат од ЕК какви се тие привремени визи што ги предлагаат, со цел полесно да се помине преодниот период, додека трајно не се реши проблемот.
Дополнително испратени се и писма од самите превозници до нивните клиенти од кои исто така бараат поддршка.
Македонски превозник после блокадите повторно се соочил со проблем во Германија. Не го депортирале, но му наложиле по своја волја да ја напушти државата. Ако не се среди ова, предупредуваат дека повторно никој нема да вози, а веќе е евидентно дека на македонскиот пазар има недостаток на одредени производи.
Пред извесно време, македонските превозници ги блокираа граничните премини затоа што за да работата во земјите од шенген зоната во период од шест месеци, дозволено им е да престојуваат 90 дена.
Министерот за Транспорт пак претходно на Фејсбук објави дека проблемот е решен.
The post ЕУ ги отфрли сите предлози на превозниците од Западен Балкан, можни се нови блокади appeared first on Во Центар.



