ЕУ е подготвена да работи со новата влада и со сите кои го поддржуваат реформскиот процес, вели Гир



„Проширувањето треба да биде национален проект кој ќе ги обедини сите да работат на реформите, да ги спроведуваат неопходните мерки, со цел да се приклучат кон Европската Унија што е можно поскоро, вели евроамбасадорот

Европската Унија е подготвена да работи со новата влада и со сите што го поддржуваат реформскиот процес, вели евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир.

Гир вели дека во интерес на државата е да продолжи по патот на ЕУ.

„Мојата порака би била и до владата и, всушност, до целата земја. Верувам дека интересот на оваа земја е да продолжи по патот кон Европската Унија. Ние во Европската Унија сме подготвени да работиме со новата влада и со сите кои го поддржуваат реформскиот процес, што е неопходен за приклучување кон Европската Унија, и ќе направиме сè што можеме за да ѝ помогнеме на оваа земја да напредува на патот кон ЕУ“,

изјави Гир пред отворањето на изложбата „Обединети во различноста“ по повод 20 години од најголемото проширување на Европската Унија.

Тоа е задача, додаде Гир, која пред сè ќе биде за владата, но не само за неа туку, како што рече, ќе биде потребна поддршка и од сите клучни актери од целиот политички спектар.

„Со други зборови, проширувањето треба да биде национален проект кој ќе ги обедини сите да работат на реформите, да ги спроведуваат неопходните мерки, со цел да се приклучат кон Европската Унија што е можно поскоро“,

додава Гир.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: