Ефектот е долготраен: Компирите придонесуваат за здебелување со текот на годините

Чипсот и пржените компирчиња како и сите останати производи од компир придонесуваат за здебелување со текот на годините, покажува едно истражување на Харвард.
Научниците од Харвард направиле истражување за поврзаноста на дебелеењето и повеќегодишната употреба на одредени намирници. Истражувањето кое траело 20 години и во кое учествувале повеќе од 100 илјади испитаници, открило дека одредени намирници треба внимателно да се конзумираат.


Истражувајќи која храна најмногу придонесува за дебелење, научниците откриле дека тоа е компирот, односно неговите производи – чипс и пржени компирчиња. Токму поради овие производи од компир луѓето најмногу се дебелееле со текот на годините, а воопшто не биле свесни. Во период од четири години испитаниците се здебелувале за 2 килограми од овие производи.
-Причина за тоа најверојатно е скробот и рафинираните јаглехидрати кои предизвикуваат зголемување на гликозата во крвта и на инсулинот. Поради тоа се зголемува чувството на глад и човекот јаде повеќе од што му е потребно. Нашето истражување покажува дека само мали промени во стилот на живот можат драстично да ги сменат нештата и луѓето треба да размислат за тоа, истакнува д-р. Дариуш Мозафариан, епидемиолог, кој работел на истражувањето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.