Ештон: Да не се радуваме прерано на договорот меѓу Белград и Приштина

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон оцени дека не треба предвреме да се радуваат на договорот што го постигнаа Белград и Приштина.

„Не треба да се радуваме предвреме. Историјата сè уште не завршила. Обете држави и натаму се на крстосница, но двајца храбри луѓе веќе го одбраа патот на мирот”, наведе Ештон во авторскиот текст што во сабота го објавува московскиот дневен весник „Комерсант”.
Според нејзините зборови, последната половина година таа набљудувала како премиерите на Србија и на Косово Ивица Дачиќ и Хашим Тачи се преобратиле од политичари во миротворци, и дека знаеле оти ризикуваат, но дека тоа не ги обесхрабрило.
„Тачи и Дачиќ на 19 октомври влегоа во мојот кабинет во новото седиште на Европскиот комитет за надворешна политика. Ниту еден од политичарите не знаеше како веста за нивната средба ќе биде прифатена во нивната татковина. Единствената заедничка фотографија, која ја направи нашиот фотограф, ја чував додека обајцата премиери не дозволија таа да се објави”, наведува Ештон.
Таа додаде дека задача на обата премиера е да им се „помогне на десетиците илјади Срби што живеат на северот на Косово”.
Макфакс
Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон оц

Пронајдете не на следниве мрежи: