Ештон: Договорот меѓу Белград и Приштина на повидок

Високата претставничка на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Кетрин Ештон, изрази во понеделникот навечер, пред осмиот круг од преговорите меѓу Србија и Косово во Брисел за нормализација на меѓусебните односи, убеденост дека е на повидок договорот меѓу двете страни.„Верувам дека договорот е на дофат на раката, иако нема да биде лесно“, изјави Кетрин Аштон којашто за медиумите ја проследи нејзината портпаролката Маја Коцијанчиќ, дадена пред почетокот, во вторник, на осмиот круг од преговорите меѓу Белград и Приштина.„Верувам дека оние коишто ќе дојдат, тоа го прават во духот на пронаоѓање решение во најдобриот интерес на народите што ги претставуваат и за подобра иднина за сите нив. Не смееме да ја пропуштиме оваа можност“, истакнува шефицата на европската дипломатија.Од друга страна, пак, српскиот претседател Томислав Николиќ оцени во понеделникот дека ниту осмиот круг од преговорите нема да донесе конечно решение за положбата на Србите на Косово.Николиќ на вонредната прес-конференција на паузата на состанокот на српскиот државен врв, кој последните денови беше во постојано заседавање пред следниот круг преговори, изјави дека Србија не „бара идеално решение, дена однапред ништо не одбива, но тоа што го сака Приштина никогаш нема да биде можно“.Николиќ нагласи дека за Србија не се прифатливи инсистирањата на Приштина да се применува сѐ што пишува во уставот и законите на Косово, но и дека Србија никој не може „да ја налути да ги напушти разговорите, бидејќи Србија секогаш била разумна“, Најави дека Белград нема ултимативно да бара да се прифати само она што е во согласност со неговите интереси, туку дека ќе бара решение.Во српската делегација покрај премиерот Ивица Дачиќ, кој воедно е и министер за внатрешни работи, ќе биде и првиот вицепремиер и министер за одбрана Александар Вучиќ кој доаѓа од најголемата партија во владината коалиција Српската напредна партија (СНС) од која е и претседателот Николиќ. Неговото доаѓање на преговорите во Брисел го бараа Европската унија и САД, кој директно не учествува во преговорите, но чиј специјален пратеник за Балканот, поранешниот амбасадор во Република Македонија, Филип Рикер секогаш некако се наоѓа во Брисел кога се одржуваат преговорите меѓу Белград и Приштина. Косов ќе го претставува премиерот Хашим Тачи.Клучното прашање во преговорите меѓу Белград и Приштина е северот на поранешната српска покраина Косово и Метохија, каде што мнозинство се Србите, територија којашто е надвор од контролата на косовските власти. Во претходните седум кругови од преговорите под покровителство на Брисел, премиерите Дачиќ и Тачи успеаја да се согласат за формирање заедница на српските општини на Косово, што беше и модус од планот на поранешниот специјален пратеник на Генералниот секретар на ОН, Марти Ахтисари. Меѓутоа не се согласија околу надлежностите и овластувањата што би ги имала таа заедница, бидејќи Приштина инсистира заедницата да биде под косовската уставноправна рамка, додека Белград инсистира на извршни овластувања во сферите на правосудството, полицијата, просторното планирање, здравството и образованието.Видливата и одржлива нормализација на односите е услов за напредокот во европските интеграции, за Србија за добивање датум за отпочнување на пристапните преговори со Европската унија, а за Косово за почеток на преговорите за договор за стабилизација и асоцијација. Договорот за нормализација на односите би и зголеми шансите на Србија на самитот на ЕУ во јуни да го добие датумот за почеток на пристапните преговори.Притоа треба да се напомне дека се смета како своевиден притисок врз Белград неодамнешната изјава на германскиот амбасадор на Косово, Петер Бломејер дека „Србија ќе остане без датум за почеток на преговорите, доколку не ги распушти своите паралелни структури а северот од Косово, како и дека САД повеќепати истакна дека не сакаат на северот од Косово да имаат „втора Република Српска“
MaкафаксВисоката претставничка на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Кетрин Ештон, изрази во понеделникот

Пронајдете не на следниве мрежи: