Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, на својот Фејсбук профил информираше дека Агенцијата за заштита на правото на пристап до информации од јавен карактер ја уважила нејзината жалба, со која укажала дека Собранието ја крие документацијата за патните трошоци и кириите на пратениците.
„Ова е таа вмровско-‘скандинавска’ транспарентност“, напиша Мојсоска, обвинувајќи ја генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, дека пет месеци не одговорила на нејзиното пратеничко барање за увид во поединечните трошоци.
Според Мојсоска, и покрај тоа што поднела и лично барање како физичко лице за пристап до информации, добила само вкупен износ на исплатени средства, без детална распределба по пратеник. Таа додава дека Собранието сега има рок од 15 дена да ги достави побараните информации.
Во својата објава, таа испрати и политичка порака до власта: „Народот ви даде референдумска поддршка за да направите промена, а не за да се однесувате како фрустрирани насилници кои демонстрираат моќ.“
Случајот повторно ја отвора темата за транспарентноста на трошењето јавни средства и отчетноста на избраните функционери.
Целата нејзина објава на Фејсбук во продолжение:



