Водителките на овогодишната Евровизија биле прекрасни во текот на натпреварот, но и за финалето ги маѓепсале присутните со своите стајлинзи.
Овогодишната Евровизија, 67-ма по ред, се одржа во Велика Британија затоа што во Украина, земјата која е минатогодишен победник, трае војната.
Обединетото Кралство дало сè од себе за да го организира овој музички фестивал за паметење, а за посебната атмосфера придонеле и водителите на Евровизија.
Додека живата легенда на британската телевизија Грејам Нортон се појавил дури во финалето, во полуфиналните вечери ги гледавме актерката Хана Вадингем, популарната пејачка и раперка Алиша Диксон и украинската пејачка Јулија Санина.
Дамите изгледале прекрасно во секоја од евровизиските вечери, но со посебни модни изданија се појавиле во финалето.
Хана Вадингем (48) која неодамна ја гледавме во серијата „Ted Laso“, се појавила во темновиолетов фустан, величествена модна комбинација која ги открива рамената, суптилно го нагласува деколтето и ја следи нејзината беспрекорна фигура на тело.
Што се однесува до Алиша Диксон (44), таа носела асиметрична креација со прорези, исто така металик модел.
Сепак, британските медиуми особено внимание насочиле кон фустанот на украинската рок ѕвезда Јулија Санина (31) која носела елегантен, жолт фустан.
Според „Mirror“, рокерката ја избрала оваа боја во знак на почит кон нејзината татковина која на знамето има сина и жолта боја.
Станува збор за фустан којшто е „залепен“ за телото, тој има драматичен детаљ на себе во облик на бран околу рамото и грбот, па потсетува на крилја.
Твитерџиите прекрасно реагирале на овие изданија на водителките на Евровизија.
„Хана повторно го има најдобриот фустан“, „Јулија е навистина како ангел“, „Колку прекрасен и суптилен начин да се оддаде почит на својата земја, биле само дел од коментарите.