Стојанче Јовановски, сопруг на 31-годишната жена, која заедно со своето 6-годишно дете најверојатно се фрлија од балкон во Карпош, имал 10 пријави за насилен криминал, имотни деликти и недозволена трговија со дрога. Иако имало повеќе пријави за семејно насилство, жената ги повлекувала, што било случај и дента пред да се случи трагичниот настан. Истиот ден околу 12 часот полицијата постапила по пријава за насилство, но таа изјавила дека се работело за недоразбирање, кое го решиле по мирен пат.
ПОлицијата рутински дошле и си заминале и воопшто не им текнало дека таа под присла кажува дека се е во ред и не се сетиле дека насилникот со досие е спремен на такво несшто , а имале сознанија дека е класичен насилник и криминалец.
И тие ,полицијата биле чисти со што дошле и си заминале и имале документиран исказ дека се ќе се реши по мирен пат !? Самоубиството не е нивна одговорност , на жртвата е.
Големото прашање и кој и какви обучени полицајци се испратени на ваква пријава, кој проценил дека се е во ред , кој донел таква одлука ,од која последица се два загубени животи-мајка и дете.
МВР потоа„ везе“ дека тие биле во процес на бракоразводна парница и тие постапиле , ама жртвата потпишала дека се е во ред!?
Сопругот сега е приведен и против него ќе бидат поднесени кривични пријави за наведување на сторување самоубиство, нанесување телесни повреди и загрозување на сигурноста. Предоцна.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната прес-конференција појасни дека пред падот имало расправија меѓу сопружниците и интервенција на полицијата по пријава за насилство, објаснуваше детали, но нема најава за одговорност во полицијата, социјалните работници кои не биле повикани, нема институционална одговроност, барем намера за тоа.
Тој додаде дека кај неа не биле констатирани видливи повреди, но оти ќе се истражува под какви околности била дадена таквата изјава.Има обдукција.
Тошковски констатира дека изминатите години од страна на СВР Скопје се поднесени вкупно 10 кривични пријави против сопругот Јовановски во делот на областа на насилен криминал, имотни деликти и недозволена трговија со дрога.
Додаде за него биле побарани и изречени мерки на претпазливост.Нема детали на што пазеле и биле претпазливи.
Според него, покрај овие пријави, лани и оваа година биле евидентирани повеќе пријави за нарушени меѓучовечки односи и физички напади помеѓу сопружниците.
– По секоја пријава, полицијата постапувала, се преземале мерки во согласност со законот, кои се целосно документирани. Но, во сите наврати пријавите биле повлекувани од страна на оштетената, односно таа се откажувала од водење понатмошни постапки – изјави Тошковски.
Потенцира дека сите случаи, кои биле затворани, вклучително и овој, биле поради повлекување на изјавите на жртвата. Затоа нагласи треба да се работи на подигнување на јавната свест и кај жртвите, но и кај оние што се сведоци на семејно насилство.
Полициските службеници во вакви случаи може да постапуваат по службена должност и поради ова, како што истакна, има зголемување на поведени случаи по брза постаока, но и изречени притвори.
Во случајов не постапиле! Не им текнало како на полиција дека можеби ќената под присила вели дека ја повлекува пријавата. Цената е два човечки живота , од кои едното е дете.


