Загадениот воздух проблем за машката ерекција

Мажите кои живеат во близина на главни сообраќајници, односно се повеќе изложени на загаден воздух, имаат поголем ризик од проблеми со ерекција и неплодност, покажуваат најновите истражувања на Универзитетот Гуангџоу во Кина.
Во лабароториските испитувања направени на стаорци било утврдено дека оние изложени на загадување какво што има во близина на прометни сообраќајници имале повеќе проблеми со еректилна дисфункција.
Во испитувањето со стаорци имало четири групи. Првата група била изложена на загаден воздух два часа дневно во текот на три месеци, втората на четири часа, третата на шест, а четвртата, контролна група, била поштедена од вдишување загаден воздух, стои во извештајот од истражувањето објавено во стручното списание Journal of Sexual Medicine.


Резултатите ги загрижува научниците бидејќи тоа значи дека токсичните честички влегуваат во крвотокот и стигнуваат до гениталиите, отежнувајќи го протокот на крв, а тоа резултира со знаци на еректилна дисфункција.
Тоа не е единствениот проблем што го предизвикува загадувањето, а се одразува на сексуалниот живот на мажите – загадувањето влијае и на капацитетот на белите дробови, што значи дека мажите кои се изложени на загаден воздух побрзо се заморуваат за време на секс и имаат помала издржливост.
Загадувањето може да влијае и на плодноста кај мажите. Машката неплодност пред 20 години беше причина за брачна неплодност во 20% од случаите, а денес изнесува 40%. Мажите изложени на загаден воздух имаат поголем ризик од неплодност, во споредба со здрави мажи кои се помалку изложени на загадувачи или воопшто не се.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.