Двајца војници загинаа во несреќа за време на вежба поврзана со детонација на ТНТ во воен објект во јужна Полска, јавија денеска полските медиуми.
Центарот за управување со кризи во градот Катовице соопшти дека инцидентот се случил вчера нешто пред 11 часот по локално време на поранешен објект на 13-та противвоздушна ракетна дивизија во Силезија. Смртта на војниците била констатирана од лекар и болничари кои пристигнале на местото на несреќата.
Министерот за одбрана Владислав Кошињак-Камиш визјави дека инцидентот се истражува и доколку има потреба ќе бидат преземени мерки.
Тој додаде дека роднините на двајцата загинати војници од петтиот полк за хемиска одбрана во градот Тарновски Гори добиле поддршка, вклучително и од психолог.