Помеѓу 20.000 и 25.000 лица се собраа во неделата напладне во центарот на Загреб на протестот против воведувањето на кирилицата во Вуковар, кој помина без инциденти.Организаторите на собирот од Штабот за одбрана на хрватски Вуковар, во кој се собрани претежно здруженија на воени ветерани, тврдат дека на денешниот протест излегле над 40.000 граѓани.Претставниците на штабот побараа од владата под итно Вуковар да го прогласат за град со посебен пиетет, во кој никогаш не треба д абиде воведен српскиот јазик и писмо.„Се противиме на насилното воведување на кирилицата во нашиот преубав Вуковар“, порача од говорницата претседателот на Штабот, Томислав Јосиќ.Тој порача дека претставниците на власта нема да бидат добредојдени во Вуковар на денот на одбележувањето на жртвите на Вуковар, доколку тој град не биде прогласен за место со посебен пиетет и не биде изземен од воведувањето на двојазичноста.Јосиќ порача дека повеќе нема да биде организирани протести, како февруарскиот во вуковар и денешниот во Загреб, но рече дека ќе бидат повикани сите ветерани да ги симнуваат двојазичните плочи доколку власта остане при ставот да ги постави таблите.Организаторите побараа и ревизија на пописот на населението, бидејќи не веруваат дека во Вуковар третина од населението е од српска националност.Според законот, малцински јазик и писмо можат да бидат воведени во официјална употреба доколку во одредена локална заедница живеат над 33 отсто припадници на некое национално малцинство.
МакфаксПомеѓу 20.000 и 25.000 лица се собраа во неделата напладне во центарот на Загреб на протестот против воведувањето на к