Загрижувачки е трендот на намалување на вкупната продуктивност на македонските компании

 Загрижувачки тренд на намалување на вкупната продуктивност на македонските компании, покажува истражувањето што беше презентирано денеска во рамки на националната конференција „Продуктивноста и нејзините главни двигатели за економски раст и конкурентност“, организирана по повод 20-годишнината на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ). Според истражувањето кое за потребите на ОРМ го спроведе Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think“, фирмите во земјава стануваат се помалку ефикасни во користењето на основните фактори на производство – трудот и капиталот. Компаниите со странски сопственици имаат дури четири пати повисока продуктивност од домашните, додека извозно ориентираните се значително попродуктивни од оние што работат исклучиво на домашниот пазар.
Ограничениот пристап до финансии, слабите институции и корупцијата се главните пречки за растот на продуктивноста и развојот на македонските фирми. Овие фактори ја нарушуваат конкуренцијата и создаваат долгорочна непредвидливост која ги обесхрабрува инвестициите и иновациите, кои пак, заедно со добрите менаџерски практики и вештините, имаат суштинско значење за долгорочна конкурентност на домашните компании, се дел од клучните наоди.

Пронајдете не на следниве мрежи: