ЗАГУБАТА НА ХЕРСОН МОЖЕ ДА БИДЕ ТОЧКА НА ПРЕКРШУВАЊЕ НА ВОЈНАТА! 2 ГЛАВНИ ЦЕЛИ не им успеваат на Русите, Путин со денови ги одбивал барањата на воениот врв да се повлече

Додека министерот Сергеј Шојгу и генералот Сегеј Суровикин ги објаснуваа причините за повлекувањето на Русија од градот Херсон, Владимир Путин никаде го немаше. Путин не сака да објавува лоши вести, а загубата на Керсон не е само лоша вест за Русија, туку е и личен срам за „царот на Кремљ“.

Дали се прекрши војната се прашуваат западните аналитичари:

Русите се протерани на левата страна на Днепар и јасно е дека можат да се збогуваат со две големи цели – освојувањето на Одеса и анексијата на Молдавско Придњестровје.
ЗАГУБАТА НА ХЕРСОН МОЖЕ ДА БИДЕ ТОЧКА НА ПРЕКРШУВАЊЕ НА ВОЈНАТА! 2 ГЛАВНИ ЦЕЛИ не им успеваат на Русите, Путин со денови ги одбивал барањата на воениот врв да се повлече

Пред нешто повеќе од еден месец Путин триумфално објави дека заземените украински региони Луганск, Донбас, Запорожје и Керсон се припојуваат кон Русија. А само триесет дена подоцна, во градот Керсон повторно ќе се вее украинското знаме.

Според „Њујорк тајмс“, Путин со недели ги одбива барањата на военото раководство за повлекување на војската од Херсон. Генералите го предупредија дека моралот на армијата е на дното, дека им се заканува опасност да бидат опколени и прегазени од Украинците, но Путин упорно повторуваше – не, не и не. Се до денес.

Сега останува да видиме како Шојгу и компанија успеале да го убедат Путин да го направи тој срамен потег. Според аналитичарите, загубата на Херсон е можеби пресвртна точка на целата војна. Русите се протерани на левата страна на Днепар и јасно е дека можат да се збогуваат со две големи цели – освојувањето на Одеса и анексијата на Молдавско Придњестровје.

Додуша, веќе неколку месеци е јасно дека оваа руска армија нема капацитет да го освои најголемото украинско пристаниште, а загубата на Херсон е само потврда дека Одеса полека може да се врати во нормалниот живот. Многу поболно сознание за Русија е фактот што украинската армија со освојувањето на западниот брег на Днепар се доближува до својата света цел – Крим.

Токму ова го спомена денеска советникот на претседателот Зеленски, Антон Герашенко. Како и да е, во следните неколку недели ќе биде интересно да се види во кој правец ќе продолжи украинската контраофанзива.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.