Заев повикан од Могерини на состанок со функционерите од Западен Балкан

Исто како и минатата и на крајот на оваа година шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини за утре во Брисел на неформален состанок ги повика партнерите од Западен Балкан. Тројцата претседатели и премиери ќе разговараат за постигнатиот напредок и новонастанатите проблеми, јавува „Дојче веле“.
Покрај премиерот Заев покани за ручекот од Могерини добиле српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателот на Црна Гора, Мило Џукановиќ, косовскиот претседател Хашим Тачи, претседавачот на Советот на министри на БиХ, Денс Звиздиќ и албанскиот премиер, Еди Рама. Иако во ЕУ велат дека таков формат не е ништо невообичаено, не може да не се забележи тоа што на состанокот се повикани претседателите, а не премиерите на Србија, Косово и Црна Гора.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.