Заев: Слична казна за фрлање боја веќе платив и јас лично

Премиерот Зоран Заев потврди дека и тој платил казна од 200 евра, како професорката Најчевска.

– Претставници на извршната власт ќе го разгледаат прашањето со прекршочните казни од шарената револуција и ќе разговараат со засегнатите граѓани за можни решенија, со целосно почитување на судската власт, но и почитување на демократските принципи и интегритетот на граѓаните. Прекршоците со фрлањето боја во времето на протесното движење ги правевме свесно, знаејќи ја цената на казната, но со повисока цел – слобода и ослободување на институциите. Слична казна за фрлање боја веќе платив и јас лично, кажа Заев.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK