Заев ја претстави неговата програма за Владата пред пратениците

Заев ја претстави неговата програма за Владата пред пратениците

На седницата на која единствена точка на дневен ред е избор на нова влада, пратениците го усвоија предложениот дневен ред, а по отворањето на претресот лидерот на партијата СДСМ Зоран Заев кој е мандатар, зборуваше за програмата на Владата која што треба да биде изберена.

Ветинг за судии и функционери, намалување на јавната администрација, зголемување на платите и пензиите, инвестиции од една милијарда евра, економски раст, намалување на невработеноста, битка за животната средина, посветеност на преговорите за членство во ЕУ… беа најавени во експозето кое траеше околу еден час.

Заев рече дека претстои силна посветеност во борбата против криминалот и корупцијата со воведување на силен и ефикасен правосуден систем, како и дека ќе останат посветени во реализацијата на договорите потпишани со Грција и Бугарија.

Ова е мала Влада, посочи Заев, што ќе ја предводам и во која членуваат мотивирани и посветени личности, кои ќе работат на остварување на поставените цели во стратешки интерес на државата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.