Заеднички живот пред брак – предности и недостатоци

Повеќето парови се одлучуваат да живеат заедно пред да стапат во брак. Додека некои стручњаци го поддржуваат овој тренд и велат дека е корисен чекор пред изговарање на судбоносното „да“, други велат дека овој тренд може негативно да се одрази на сексуалниот живот.
Истражувањето објавено во списанието Sex Research откри дека паровите коишто живеат заедно пред да стапат во брак поретко водат љубов во првата година од бракот во однос на паровите кои заедничкиот живот го започнуваат откако стапиле во брак, пишува Insider.
Во истражувањето се опфатени 113 парови и следен е нивниот сексуален живот во текот на првите четири години од нивниот брак. Истражувањето ги опфати и факторите коишто влијаат на сексуалниот живот на паровите како што е заедничкиот живот или добивање деца пред да стапат во брак. Паровите коишто учествуваа во ова истражување беа во нивните доцни дваесетти години.
Освен што истражувачите заклучија дека оние коишто живеат заедно пред брак во првата година поретко уживаат во секс, откриено е дека и долгите години поминати во врска негативно влијаат на сексот во првата година од брачниот живот.
Од друга страна, децата не влијаат негативно на сексуалниот живот на паровите.
Според авторите на ова истражување потребно е да се направат уште истражувања за да се разбере на кој начин сексуалните односи на паровите се менуваат во неколку години од бракот и како тие промени можат да доведат до развод.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.