Законот за амнестија не е договорен

На денешниот состанок телото за помирување не успеа да го договори текстот на Законот за амнестија, а членовите на собраниското тело не сакаа да дадат изјави до каде е процесот на помирување. Следниот состанок на Интерпартиската парламентарна група за помирување, реформи и интеграција во Собранието на Република Македонија, најверојатно ќе се одржи во среда, најавија членови на групата.
Денешниот состанок на работната подгрупа за помирување беше прекинат поради нови информации за кои се потребни дополнителни консултации во врска со законското решение за амнестија на дел од учесниците во настаните во Собранието на 27 април 2017. година.
За продолжението на состанокот на кој требаше да се доуреди предлог-законот за амнестија дополнително ќе информира Зекир Рамчиловиќ, претседавачот со оваа подгрупа.

Пронајдете не на следниве мрежи: