четврток, 12 ноември 2026
Најново

Законот за Jавното обвинителство денеска на ред во Собрание

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Собрание на Северна Македонија денеска ќе ја одржи 92-та пленарна седница, на чиј предложен дневен ред се наоѓаат повеќе законски решенија.

Пратениците ќе расправаат за Предлог-законот за јавното обвинителство, како и за измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност и на Законот за данокот на добивка, кои се ставени на дневен ред во прво читање. На седницата ќе се разгледува и Предлог-законот за органско земјоделско производство во второ читање.
По скратена постапка се предлага донесување и на измените на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, како и измените на Законот за данокот на додадена вредност и на Законот за шумите.
На дневниот ред е предвидено и разгледување на Годишниот извештај за работата на Комисијата за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите за 2025 година.

Поврзани вести