Запечен карфиол во рерна со вкусен прелив

Ви носиме одличен предлог за брз и здрав ручек.
Состојки:
– 1 карфиол
– 2-3 лажици павлака
– малку рендано сирење
– 2 јајца
– презла
– сув зачин
– босилек

Подготовка:
Исечете го карфиолот на ‘цвеќиња’, а потоа сварете го со додаток од сув зачин. Соединете ги јајцата и павлаката и посолете. Истурете врз готвениот карфиол кој го ставивте во сад за печење во кој сте додале малку презла. Истурете го и сирењето. Печете на 180 степени околу 30 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.