Запечен омлет

4 јајца
300 г тиквички
2 виршли
1 варен компир
2 млади кромитчиња
80 мл кисела павлака
1 лажица маргарин
масло, сол и мелен црн пипер по вкус
Тиквичките, лупените компири и виршлите исечете ги на кругови, а младите кромитчиња ситно исечете ги. Испржете ги на маргаринот, зачинете ги и ставете ги во тава за печење, попрскана со масло.
Јајцата посолете ги и изматете ги со виљушка. Додадете ја павлаката и промешајте. Прелијте ја содржината во тавата и печете 10 минути на 220 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.