Започна, а тие најавуваат пекол: Израел удри на 1.000 цели, срамни со земја дел од градот во Газа! Нетанјаху порача: Ќе победиме! (видео)

Израелската армија најавува дека ќе изврши еден од најголемите воздушни напади досега врз Хамас во опколениот Појас Газа.

Започна, а тие најавуваат пекол: Израел удри на 1.000 цели, срамни со земја дел од градот во Газа! Нетанјаху порача: Ќе победиме!

Израелските медиуми објавија и дека Израел погодил 1.000 цели во Газа, додавајќи дека армијата најавила дека ќе продолжи со воздушните напади врз Газа, дури и по цена да им наштети на израелските затвореници во енклавата.

Нетанјаху: Почнавме, Израел ќе победи
Ова вклучуваше воздушни напади кои израмнија голем дел од градот Беит Ханун во североисточниот агол.

  • Ние почнавме. Израел ќе победи – изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Израел го бомбардира Појасот Газа со воздушни напади, погодувајќи станбени згради, џамии, универзитет, болница и телекомуникациска компанија, јавува дописникот на Ал Џезира.

– Израелските беспилотни летала продолжуваат да летаат над опколената крајбрежна енклава додека од урнатините на уништените згради се издигнуваат облаци чад – изјави Тарек Абу Азум.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.