Започнува големото патување за Велигден .
Денес – последниот работен ден од неделата, се очекува густ сообраќај на излезите од поголемите градови, и секако автопатиштата и граничните премини.
Прогнозите се дека, најголем дел на граќаните ќе го напуштат Скопје, и ќе заминат во своите родни места во внатрешноста на државата . Сепак најпрометниот сообраќај ќе биде на автопатиштата кои водат кон соседна Грција, Србија и веќе распродадените сместувања, традиционално во Охрид.
Со стартот на големата велигденска миграција предупредувања за патиштата да се вози според поставената сиоглаизација и да се има трпение на граничните премини, која слика ќе треба да се издржи во ПОнеделник по враќањето дома.
Препораките за препивање, прејадување, по долгиот пост , за големиот христијански празник Велгден, допрва ќе стигнат од здравствените институции
Во сабота и недела, полициските екипи ќе вршат засилени контроли за употреба на алкохол од страна на возачите. Ќе има полициско присуство и ок околу црквите и манастирите, каде истоа така ќе има дополнителна регулација на сообраќајот.
Понеделник (6 мај) вториот ден на Велигден според православниот календар се неработни денови за сите граѓани, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Исто така, од МТСП информираат дека Велики петок (3 мај) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.


