Затворени се четири угостителски објекти во Битола, Гостивар и Тетово кои не ја почитувале забраната за работа.

Надвор од употреба се ставени 40 кафемати во Скопје, Охрид и во Гостивар, при надзорите што ги спровеле пазарните инспектори од 6 до 8 месецов во однос на почитување на мерките и препораките на Владата за спречување на ширењето на коронавирусот.
Претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска Грашкоска денеска соопшти дека од 6 до 8 април шесте инспекциски служби спровеле вкупно 1.346 надзори од кои 547 од страна на Државниот пазарен инспекторат.
Пазарните инспектори извршиле и визуелни контроли на угостителските објекти низ државата при што е констатирано дека ја почитуваат забраната за работа, а кај мал дел од трговците се констатирани зголемени цени на производи и по надзорите се вратени на изност од 11 март.
ПРОЧИТАЈТЕ УШТЕ И:
КОРОНАВИРУС: Досега 711 потврдени случаи во Македонија, 32 со фатални последици
Стартува викенд забраната: Полициски час од денеска во 16 часот до понеделник
Пронајдете не на следниве мрежи:



