За директорка на Академијата за судии избрана Наташа Габер Дамјановска

За нов директор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ за следните четири години денес е избрана Наташа Габер Дамјановска. Одлуката ја донесе Управниот одбор на Академијата со осум гласови „за“, еден „воздржан“ и ниту еден „против“.
Покрај Габер Дамјановска кандидати за директорското место беа и Мирјана Лазарова-Трајковска, Елена Андреева и Александар Маркоски. Првиот човек на Академијата се избира со двотретинско мнозинство од деветемина членови на Управниот одбор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.