Денеска, Општина Центар свечено ја отвори новата градинка „Пролет“, современ објект изграден од темел според сите безбедносни и функционални стандарди, со капацитет на згрижување на 173 деца, на површина од 3.200 метри квадратни. Ова е прва градинка во населбата Пролет, нова градинка после 50 години во Пролет.
Градинката е завршена за помалку од три години, целосно финансирана од општината, без задолжување.



























Темелите беа поставени во 2022 година, а денеска градинката Пролет е најубавата градинка во целиот регион. За помалку од три години објектот е целосно изграден, опремен и со сите потребни дозволи од Министерството за труд и социјална политика.
Градинката е изградена целосно со општински средства, без кредити, по цена од 900 евра по квадратен метар. Сè е направено одговорно и со внимание, според сите прописи.
Градинката е почната и завршена во еден мандат, додека Горан Герасимовски е градоначалник, соопштија од Општина Центар.