За предметите по 30 јуни 2017-та “бомбите“ нема да бидат докази 

Во новата верзија на Законот за Јавно обвинителство, со кој треба да се реши и статусот на СЈО, се прифатени голем дел од сугестиите на ВМРО-ДПМНЕ, вели премиерот Заев. Прифатени се нивните сугестии за “бомбите“, а прислушуваните разговори нема да важат за случаите по 30 јуни 2017-та година. Премиерот вели дека новата верзија на Законот е испратена до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски. Тој очекува денес да биде разгледана од страна на опозицијата, а веќе утре да почнат преговорите на ниво на работни групи.
Заев вели дека “Бомбите“ во новите постапки може да послужат исклучиво како индиции, а не и како докази, вели премиерот Заев.
Прислушуваните материјали што се докази во случаите кои се веќе во судска постапка во 18-те предмети на СЈО, ќе продолжат и натаму да се користат, додека за предметите по 30 јуни 2017-та година тие нема да бидат докази во постапките.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.