Што мислите за комбинацијата од кафе и јајца? Ca phe trung или виетнамско кафе чија сладост се должи пред сè на жолчките кои се матат со слатко кондензирано млеко сè додека не се добие кремаста пена која полека се прелива во еспресо.
За сите љубители на кафе: Рецепт за виетнамско кафе кој морате да го испробате уште денес!
Традицијата да се приготвува кафе со жолчка потекнува од Втората светска војна кога немало доволно млеко. Шанкерот Џанга кој работел во хотелот Метропол го измислил рецептот. За да не ги разочара гостите кои нарачале кафе со млеко, тој нашол алтернатива. Жолчките ги измешал со шеќерот и добил пенлив крем од јајца.
Набрзо потоа тој отворил сопствено кафуле каде се служело ова необично кафе. Наскоро, и другите сопственици на кафулиња почнале да го имитираат. Од Ханој, популарноста на пијалакот се проширила и кон другите градови, дури и надвор од границите на државата. Дури и денес, на некои места во главниот град можете да го пробате оригиналниот рецепт.
Доколку одлучите да направите виетнамско кафе, добро е да знаете дека тоа треба да биде топло за јајцето да биде термички обработено.
Потребни состојки:
350 мл еспресо
1 жолчка
4 супени лажици слатко кондензирано млеко
Начин на подготовка:
Изматете ја жолчката со кондензираното млеко додека смесата не згусне. Добиената смеса прелијте ја врз жешкото еспресо и послужете. На здравје!