Здрава и сурова Фереро Роше торта без печење

Доколку сте обожавател на познатиот десерт во облик на вкусни чоколадни топчиња Фереро Роше, сигурно ќе ви се допадне овој рецепт.
Предностите: се подготвува брзо и лесно, но најдоброто од сè е што станува збор за здрава варијанта на сурова храна, без печење.
Како да си направите домашна, здрава Фереро Роше тортичка?
Потребни состојки – за бисквитот:
200 g печени лешници
4 лажици кокосово масло
4 лажици јаворов сируп
1 лажичка ванилин шеќер
80 g какао во прав
Прстофат сол
Потребни состојки – за кремот:
200 g индиски ореви
½ шолја вода
4 лажици кокосово масло
½ лажичка екстракт од ванила
3 лажици јаворов сируп
50 g какао во прав
Прстофат сол


Начин на подготовка – бисквит:
1. Потпечете ги лешниците на 150 степени околу 15 минути, а потоа излупете доколку е потребно.
2. Префрлете ги во блендер, а потоа додадете ванилин шеќер, јаворов сируп и кокосово масло и продолжете со блендирање.
3. Додадете го и какаото и продолжете со мешање додека не се формира леплива смеса.
4. Смесата префрлете ја во кружен калап за торта со пречник од 25 cm и добро распоредете ја со благо притискање.
Начин на подготовка – крем:
1. Индиските оревчиња оставете ги преку ноќ да отстојат во вода со прстофат сол.
2. Следниот ден прецедете ги, ставете ги во блендер заедно со водата, јаворовиот сируп, солта и ванилата.
3. Додадете кокосово масло и какао и блендирајте додека не добиете мазна смеса.
4. Истурете го кремот врз подготвениот бисквит, а за декорација посипете го со уште малку исечкани лешници. Оставете го во фрижидерот да се стегне најмалку 3 часа, а оптимално би било да „одмори“ цела ноќ во фрижидерот (доколку издржите).

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.