Здрава салата од која се слабее

200 г конзервирана туна
2 варени јајца
200 г варена леблебија
200 г варени мешунки (грав, грашок, боранија)
2 поголеми домати или 200 г шери домати
200 г лиснати салати (марула, рукола, зелка)
200 г маслинки без семки
1/2 главица црвен кромид
масло
оцет
сол и мелен црн пипер
Во длабок сад ставете ги сварената и исцедена леблебија и мешунките. Доматот исечкајте го на помали парчиња и додадете го во садот. Ако користите шери домати само исечете ги на половина и додадете ги во садот. Марулата, руколата или зелката, или од сите салата по малку ситно исечкајте и додадете ги во садот. Потоа додадете ги исцедената туна и маслинките. Кромидот ситно исечкајте го, па и него додадете го во садот. Посолете и зачинете со мелен црн пипер. Додадете масло и оцет, промешајте ја салата и сервирајте. Јајцето исечкајте го на помали парчиња и нанесете ги на салатата.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.