Здравје во чинија: Крем супа од коприва

Ако сакате со вкусно предјадење да го подобрите здравјето – оваа супа е правилниот избор!
Состојки:
300-400 гр коприва
2 кромид
1 лажица остро брашно
2 компири
1 чешне лук
1,5 л коцка супа (пилешка, зеленчук…)
4 лажици кисела павлака
сол
бибер
Подготовка:
Добро измијте ги врвовите на копривата и исчистете ги од какви било инсекти. Направете го ова во неколку води и бидете упорни. Измиената коприва потопете ја во врела вода 10 минути. Исцедете и изладете. Исецкајте ја копривата на мали парчиња.
Ситно исецканиот кромид пржете го во малку масло, додадете сецкан лук и лажица брашно. Истурете сè во водата со коцка супа. Потоа додадете ги компирите исечени на коцки и копривата, како и зачините – сол и бибер по желба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.