Здрав оброк што ќе ви го промени животот: Печени овесни снегулки со банана и јаткасти плодови

Ем вкусно, ем полно со здравје!
Потребни состојки:
2 банани
100 грама овесни снегулки
150 милилитри млеко (кравјо, овесно, бадемово…)
Прстофат цимет


Јаткасти плодови (бадеми, ореви, лешници…)
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Притиснете ја бананата со помош на виљушка, па додајте ги овесните снегулки, циметот и млекото. Додајте и чаша вода заедно со прстофат сол. По врвот распоредете ја другата банана, исечкана на кругови, и посипете ги јаткастите плодови. Печете 20-30 минути, односно сè додека овесните снегулки не ја впијат целата течност.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.