Здрав чоколаден десерт

Без бел шеќер и бело брашно!
Состојки:

1 шолја шеќер
¾ шолјa мед
1 лажичка екстракт од ванила
2 шолји интегрално брашно
2 лажички сода бикарбона
¼ лажичка прашок за пециво
2/3 шолја грчки јогурт
½ шолја парчиња чоколадо за готвење
За глазура: ½ шолја исецкано чоколадо за готвење
¼ шолја слатка павлака


Подготовка:
Вклучете ја рерната да се загрее на 160 ° C и подмачкајте го калапот за куглоф. Во сад за матење, измешајте ги путерот и медот , додека не добиете пенлива смеса. Измешајте го ванилиниот екстракт, едно по едно јајце, а потоа наизменично додавајте го брашното и содата, прашокот за пециво и јогуртот. Соединете ги состојките, а на самиот крај додадете ги чоколадните парчиња.
Готовата смеса ставете ја во калапот и печете 55 минути. Извадете го колачот за да се излади 35 минути во калапот па можете да го послужите во чинија за сервирање. За да ја направите глазурата, ставете ја павлаката да се готви до точката на вриење, истурете ја врз исецканата чоколада, оставете неколку минути за да се стопи и измешајте со жица за да добиете мазна глазура. Истурете го чоколадото преку колачот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.