Зебра колач

Интересен колач кој може да го комбинирате со повеќе вкусови – топка сладолед, чоколаден или овошен крем, одличен e во комбинација со кафе или чај.
Потребни состојки:
250 г путер
200 г шеќер
200 г брашно
100-150 мл млеко
3 јајца
+2 лажици какао за пола смеса


Начин на подготовка:
Изматете го путерот со шеќерот и додадете ги јајцата, па млекото. Изматете и на крај додадете го брашното. Поделете ја смесата на 2 дела и во едниот додадете 2-3 лажици какао за да добиете потемен дел. Во тава обложена со хартија за печење ставајте по 1-2 лажици прво од темната, па од светлата смеса постојано на средина(на исто место). Повторете ја истата постапка додека да ја искористите целата смеса. Печете го колачот на 220 степени околу 15 минути. Секако проверете го во текот на печењето со чепкалка. Кога чепкалката ќе ви излезе празна(сува) колачот е готов. Поради големото количество на путер, колачот додека е топол е многу мек, па оставете го целосно да се излади пред да го исечете. Комбинирајте со различни додатоци по желба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.