Состојки
400 гр. марула
1 лимон
на вкус сол
околу 500-600 гр. тиква Хокаидо
1 чешне лук
3 лажици маслиново масло
на вкус чили, бибер
1 калинка
1 портокал
3 лажици тахини паста
околу 50-60 гр. орашасти плодови
Исечете ја тиквата на тенки резанки, измешајте ја со маслото, овкусете со сол и бибер, сецканото лукче, посипете многу малку со чили или едноставно лут буковец, ставете да се пече во претходно загреаната рерна на 180 степени.
Марулата измијте ја и добро исцедете, насецкајте ја, полијте со 2 лажици сок од лимон, посолете и оставете да одстои околу 30 мин, за кое време ќе се испече и тиквата.
Истискајте го сокот од портокалот и измешајте со остатокот од лимоновиот сок.
Пригответе го тахини сосот:
– ќе го направите така што тахини пастата ќе ја залиете со 5-6 лажици вода, зачинете со сол и бибер и малку буковец. Измешајте добро за да стане сос. Во него додадете го сокот од портокалот и лимонот, залијте ја зелената салата и измешајте.
Сервирајте во тањир наредувајки ја одозгора веќе печената и оладена тиква, посипете со зрна од калинка и со од вас изберен орашаст плод.
За промена од вообичаената салата – оваа салата е изненадувачки добра.