ЗЕЛЕНСКИ ГО ПОВИКА ЗАПАДОТ ДА ПОЧНЕ „ПРЕВЕНТИВНИ УДАРИ“ ПРОТИВ РУСИЈА, ЛАВРОВ: Ги предупредуваме САД и спонзорите на режимот во Киев

Изјавата на претседателот на Украина Володимир Зеленски за превентивен напад врз Русија ги потврдува заканите кои доаѓаат од Киев и потребата од специјална воена операција, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

ЗЕЛЕНСКИ ГО ПОВИКА ЗАПАДОТ ДА ПОЧНЕ „ПРЕВЕНТИВНИ УДАРИ“ ПРОТИВ РУСИЈА, ЛАВРОВ: Ги предупредуваме САД и спонзорите на режимот во Киев

Не можеме да ги премолчиме дискусиите на темата за можна употреба на нуклеарно оружје, кои ги има во последно време, а особено во тој поглед, не можеме да ги премолчиме непромислените постапки на режимот во Киев, кои се насочени кон создавање на ризик од употреба на разни видови оружје за масовно уништување – рече Лавров на седницата на комисијата на Генералниот совет на партијата „Единствена Русија“ за меѓународна соработка и поддршка на сонародниците во странство.

Тој потсети дека претседателот на Украина Володимир Зеленски „вчера ги повика своите западни сојузници да извршат превентивен нуклеарен напад врз Русија“.

Со тоа таа личност суштински му презентираше на целиот свет нови докази за заканите кои доаѓаат од режимот во Киев и беше започната специјална воена операција за неутрализирање на тие закани – нагласи Лавров.

Според него, смешни се обидите на помошниците на Зеленски да објаснат дека со тоа украинскиот лидер наводно мислел нешто друго, бидејќи тој зборуваше за желбата на Украина да поседува нуклеарно оружје уште во јануари.

Вашингтон и неговите сојузници се обидуваат да ја заплашат меѓународната заедница и да ја принудат да го поддржува Киев без ограничувања, истакна Лавров.

Уште еднаш ги предупредуваме САД и другите спонзори на режимот во Киев да не се мешаат сè повеќе во ситуацијата како страна во конфликтот (во Украина). Што се однесува до нас, нашата воена доктрина и основите на државната политика во областа на нуклеарното ограничување остануваат непроменети.

Обидите на Вашингтон и неговите вазали да ја искриват таа реалност, да ја искриват нашата позиција, имаат за цел да ја заплашат меѓународната заедница, да го принудат нејзиниот разумен дел да следи катастрофален курс чија цел е несовесно да го поддржи Киев во сите негови авантури – предупреди Лавров.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека НАТО треба да изврши „превентивни“ напади врз Русија, а не „да чека руски нуклеарни напади“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.